Музика

Музички новости


Задоволство ни е да ви најавиме дека најголемата журка на Балканот ова лето ќе се случи во Македонија. Виновник за тоа е PAUL VAN DYK светскиот DJ број 1 за 2005 и 2006 година. Иако е готово неверојатно водечкото лице на електронската музика да се добие за Балканот, Авалон Продукција потпиша договор со кој е потврдено неговото доаѓање во Македонија.
Местото на одржување на неговиот настап е плажата Изгрев во Струга, а датумот е 1ви Август. Се очекуваат повеќе од 10.000 посетители од целиот Балкан. Настапот на PAUL VAN DYK ќе биде во склоп на неговата промотивна турнеја на новиот албум “In Between”.
Тој во Македонија доаѓа од Берлин на 31ви јули и веднаш после настапот во Струга со својот приватен авион заминува за Ибица каде секој четврток е резидент во легендарниот клуб Амнезија.


Една од најуспешните личности од областа на електронската музика - DJ TIЕSTO - ја сврсти Македонија како единствена држава од регионов во својата овогодишна турнеја “ELEMENTS OF LIVE”.
Во склоп на оваа турнеја предвидено е TIЕSTO да не настапува пред помалку од 15.000 луѓе.
Единствено место каде тоа ќе се случи е Скопје и тоа на 4ти Мај во Метрополис Арена на Скопски Саем.
Инаку TIЕSTO минатата година имаше еден огромен хти со песната “Dance for Life” задно со Maxi Jazz од FAITHLESS, а имаше и многу стадионски настапи во Јужна Америка.
Еден од најголемите настапи на TIЕSTO оваа година ќе се случи на легендарниот музички фестивал Coachella каде тој ќе настапи заедно со Red Hot Chilli Peppers, Rage Against the Machine, Bjork, Paul Van Dyk, Interpol...

Британската музичка сензација James Morrison изјави дека воопшто не го сака James Blunt и не сака да го споредуваат со него. Дваесет и две годишниот пејач, кој годинава е номиниран за најдобар дебитант и најдобар британски машки изведувач на претстојните Brit Awards неодамна изјави: “James Blunt ме нервира – ние никако не сме слични.” Тој е загрижен дека во последно време публиката многу го споредува со Blunt, а не ретко велат дека тој годинава ќе ги освои истите категории кои минатата година ги освои неговиот колега на Brit Award
Познатата група металика конечно ги дефинира плановите за настап во Wimbley стадионот ова лето. Рок легендите покрај овај концерт ке изведат и низа концерти во поголемите европски градови. 

  Евеви ги поголемите турнеи на оваа легендарна група:
    
Јуни 2007
     28 Лисабон, POR Super Bock Super Rock Festival

     Јули

    01 Werchter, BEL Rock Werchter Festival
    03 Грција, GRE Rockwave Festival
    05 Виена, AUT Rotundenplatz
    08 Лондон, UK Wembley Staduim
    10 Осло, NOR Valle Hovin Stadion
    12 Стохолм, SWE Stadion
    13 Aarhus, DEN Vestereng
    15 Хелсинки, FIN Olympic Stadium
    18 Москва, RUS Lushniki Stadium


Сигурно фановите на No Doubt ќе бидат пресреќни со веста која поранешниот фронтмен на бендот, Gwen Stefani вчера официјално потврди - бендот се реобедини. Во моментов Stefani е преокупирана со сопствената светска промотивна турнеја за актуелниот албум “The Sweat Escape” и вели дека по завршувањето ќе влезе во студио со своите поранешни колеги и ќе работи на новиот албум на No Doubt. „Со нетрпение го очекувам стартот на мојата турнеја, која се планира да започне во април

                                                                                     Обновено на 02.04.2007
Часовник
 
Advertisement
 
Chat box
 
 
Today, there have been 9 visitors (52 hits) on this page!
=> Do you also want a homepage for free? Then click here! <=